Селекторот на Португалија се налути на прашање за Роналдо: „Сега ќе ви кажам…“

Португалија е веќе во осминафиналето на ЕВРО 2024 по вчерашната убедлива победа од 3-0 против Турција.

Ветеранот Кристијано Роналдо повторно беше стартер на натпреварот, што е една од темите во португалските медиуми. Па, и селекторот на Португалците, Роберто Мартинез на секоја прес-конференција во Германија добива прашање дали можеби Роналдо би бил покорисен ако влегува од клупата, со помала минутажа, и поголема ефикасност да реши натпревар.

Но, најновото прашање на таа тема го налути Мартинез кој сега директно се одлучи да им одговори на медиумите од Португалија.

„Знаете што… Сега ќе ви кажам. Роналдо е многу важен играч за нас, без разлика на годините. Важен е затоа што на терен секогаш отвора простор за другите играчи. Многу е важено сите да разберат колку играч како него може да донесе на Португалија, без разлика на некои пропусти во дефанзивните задолженија. За нас Кристијано Роналдо носи искуство, координација, можност за постигнување повеќе голови, можност за простор за соиграчите… Тоа се многу важни нешта, зошто е стартер“ – истакна Мартинез.

Роналдо досега има дури 130 гола во дресот на Португалија од 2003 година откако настапува за националниот тим на својата земја.

Се вчитува...