Селекторот на Португалија: Судијата ми рече дека ќе се јави да ги види снимките, и потоа навистина се јави!

Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош ги коментираше случувањата на натпреварот против Србија во Белград, во квалификациите за СП 2022. Дуелот заврши без победник, а на Португалците им беше поништен чист погодок во 93. минута. Топката по ударот на Кристијано Роналдо заврши зад гол-линијата, но Митровиќ ја одби во поле а судиите дозволија играта да продолжи.

„Судијата Дени Меккели ни се извини по натпреварот. Рече дека му е непријатно. Бев во соблекувалната заедно со него и се извини. На теренот кога заврши натпреварот рече дека ќе ги види снимките, и ако е гол ќе се јави да се извини. Така и беше. Се јави и се извини“ – изјави Сантош по натпреварот, притоа дополнувајќи:

„Ова е вторпат судија да ми се извинува по натпревар. Уште на теренот му кажав дека топката беше 50 сантиметри во голот. Судиите се луѓе и грешат, но затоа постои ВАР и гол-линија технологијата за да се избегнат вакви нешта. И мора да се применува и на овие натпревари“. 

Сантош се осврна и на реакцијата на Роналдо кој ја фрли капитенската лента и демонстративно го напушти теренот пред крајот.

„Роналдо виде дека е гол, апсолутно не постоеше пречка и судиите тоа да го видат. Затоа така реагираше, како и останатите фудбалери од нашиот тим“ – рече Сантош.

Се вчитува...