ЕКИПА ВО ДАБЛИН,
Владимир Булатовиќ
Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Даблин ќе и гостува на Република Ирска во натпревар кој нема да има никакво резултатско значење, но ќе биде важна за тоа по каква патека ќе се движат репрезентациите во следниот период.
Селекторот на Република Ирска, Хеимир Халгримсон даде свои очекувања за утрешниот меч против репрезентацијата на Македонија.
„Најважно е да играме добро. Добриот настап обично носи победа. Дара (О’Ши) претходно рече: ‘Ние победуваме или учиме, па никогаш не губиме.’ Тоа го паметам – и тоа е начинот на кој продолжуваме: растеме од претходните натпревари и ги подобруваме сите сегменти на играта. Секако, постои можност да им дадеме шанса и на други играчи кои едвај чекаат да излезат на терен и да покажат што можат. Со новите правила на ФИФА за пријателски натпревари, може да се направат осум замени во три интервали. Но, најважно е да се одигра добар натпревар и да се победи“, изјави Хагримсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

