Селекторот на Романија си поднесе оставка: Мојата мисија е завршена…

Романија ќе мора да бара нов селектор за наредните предизвици кои почнуваат веќе во септември, откако Едвард Јорданеску самиот си поднесе оставка по завршувањето на ЕВРО 2024.

Тој имаше добар настап на европскиот шампионат, освојувајќи го првото место во групата, потоа губејќи во осминафиналето од Холандија, но самиот пласман во нокаут-фазата беше оценет како успех во романската јавност. Сепак, Јорданеску реши самиот да си замине откако во меѓувреме доби неколку интересни понуди од Саудиска Арабија и од ОАЕ.

„Мојата мисија овде е завршена“, објави Јорданеску, потврдувајќи го своето заминување од кормилото на националниот тим.

Тој дојде на клупата на Романија во 2022 година и ја водеше оваа селекција на 28 натпревари, бележејќи десет победи, десет реми и осум порази.

Се вчитува...