Селекторот на Сенегал: Знаеме дека ние сме шампиони, трофеите се освојуваат на терен

Селекторот на фудбалската репрезентација на Сенегал , Папе Буна Тиау, изјави дека нема сомнение дека неговиот тим е африкански шампион и покрај тоа што му беше одземена титулата овој месец, додавајќи дека турнирите треба да се освојуваат на теренот.

Во своите први коментари откако Конфедерацијата на африканскиот фудбал му ја додели на Мароко титулата во Купот на африканските нации, Тиау кажа дека тие се шампиони.

„Знаеме дека сме африкански шампиони“, коментираше Тиау.

Селекцијата на Сенегал е во Париз за пријателски натпревар против Перу на „Стад де Франс“, а на прес-конференцијата пред натпреварот, Тиау рече дека сака неговиот тим да се фокусира на играта и да избегне контроверзии околу одлуката на управното тело на африканскиот фудбал.

„Ќе продолжиме да работиме да освоиме повеќе трофеи. Знаеме дека пехарите се освојуваат на теренот, и ние го направивме тоа“, изјави тој.

Се вчитува...