Селекторот на Шкотска до фановите: Ве молам немојте да се задолжувате

Шкотска направи големо изненадување откако во група со Данска успеа директно да се пласира на Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико.

И покрај големата еуфорија која ја зафати оваа земја селекторот на репрезентацијата Стив Кларк има порака за навивачите.

Тој ги советува да не се задолжуваат бидејќи има поважни работи од фудбалот во животот.

“Ќе биде многу скапо. Самиот пат за Америка е скапа работа. Доколку може да си дозволите дојдете поддржете не, но немојте да се задолжувате. Тоа се правилата на ФИФА нашата федерација направи што можеше. Сепак, има поважни работи од фудбалот”, изјави Кларк.

Шкотска на Мундијалот се најде во групата Ц заедно со Бразил, Мароко и Хаити.

Се вчитува...