Селекторот на шкотската фудбалска репрезентација, Стив Кларк, ги повика навивачите да не се задолжуваат за да го следат тимот на претстојното Светско првенство во САД, Канада и Мексико.
Се очекува осум проценти од билетите за натпреварите против Хаити и Мароко во Бостон, и против Бразил во Мајами, во групната фаза на Светското првенство, да бидат достапни за навивачите на Шкотска. Шкотската фудбалска асоцијација изрази надеж дека бројот на билети за шкотските навивачи ќе биде зголемен.
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) е критикувана поради прескапите билети за турнирот, кој ќе се одржи од 11 јуни до 13 јули 2026 година. Исто така, селекторот на Шкотска смета дека билетите се скапи.
„Ќе биде скапо. Но, секако е скапо да се оди во Америка. Билетите се скапи. Ако можете да одите таму, ако можете да си дозволите да одите таму, тоа е фантастично, но немојте да се задолжувате премногу за да одите. Тоа е турнир на ФИФА, тие одлучуваат што ќе одлучат. Шкотската фудбалска асоцијација презеде сè што е наменето за нив “, изјави Кларк за Би-Би-Си Шкотска.
Цените на билетите за натпреварот против Хаити ќе бидат 134, 298 и 372 фунти, додека за натпреварот против Мароко ќе чинат 136, 320 и 447 фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

