Селекторот на Шпанија му одговори на Ханси Флик: „Не знам што зборувал тој…“

Ханси Флик и Барселона добија тежок удар со повредата на Гави за време на репрезентативниот собир, па самиот германски стручњак се одлучи да проговори за времето на играње на своите млади играчи кои се оптоварени со настапите за клубот и репрезентациите.

Тој конкретно зборуваше за случајот со Ламине Јамал, за кого верува дека има премногу „минути во нозете“ и не мора да биде на секој собир на шпанската репрезентација.

Па, на тие негови ставови сега следеше одговорот на селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, кој зборуваше без влакна на јазикот.

Де ла Фуенте се насмевна кога новинарите го прашаа за зборовите на Флик и рече:

„Денес, во овој момент, не се сеќавам што рече Флик, ниту пак ме интересира“.

Ќе биде интересно да се види дали ќе има одговор од Германецот на овие зборови на Де ла Фуенте.

Што се однесува до самиот Гави, според шпанските медиуми, Барселона веќе бара краткорочна замена за него на средниот ред. Името што најмногу се спомнува е Коби Мајну, кој моментално игра за Манчестер Јунајтед, но е целосно во втор план кај Рубен Аморим.

Се вчитува...