Селекторот на Шпанија пред финалето во ЛН: Трениравме и пенали

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис де ла Фуенте, пред финалниот меч во Лигата на Нации против Хрватска, призна дека неговата селекција вежбала и изведување на пенали.

Тој кажа дека очекува израмнет натпревар од двете страни и крајно неизвесен, и токму од тука се одлучил неговите играчи да изведуваат и удари од 11 метри.

„Не очекува израмнет натпревар. Можеби имаме одредени предности, но некои работи мора да ги доработиме. Секоја екипа има свои предности, а вие морате да ги најдете слабите страни. Играчите се расположени, во добра атмосфера го очекуваме мечот. Мојата екипа е во најдобра форма, ментално се подготвени. Нормално, вежбавме и пенали, трениравме различни сценарија“, изјави Де ла Фуенте.

Се вчитува...