Селекторот на фудбалската репрезентација на Шведска, Јане Андерсон на прес-конференцијата по трагичните настани во Брисел ги сподели своите впечатоци.
Делегација од таа скандинавска земја отпатува во Белгија на натпревар од квалификациите за ЕП, а пред почетокот на тој дуел се случи трагедија.
Во терористичкиот напад животот го загубија најмалку двајца шведски навивачи. Натпреварот започна, но Швеѓаните одбија да излезат на терен во второто полувреме.
„Тешко е да се размислува за фудбал сега. Одигравме добро прво полувреме. На полувреме, добивме порака. Мислам дека е неверојатно. Каде оди светот? Дали можевме да излезем на терен во вториот дел? Тоа е прашање што не ме мачи во моментов. Не ми е грижа“, вели Андерсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

