Продолжува агонијата на ракометната репрезентација на Србија и на актуелното Европско првенство 2020. По проблемите со бројни откажувања на ракометари кои не сакаат да играат за националниот тим, сепак Србите со респектабилен состав допатуваа во Австрија. Но, и тоа не беше доволно коректно да се спротистават на Белорусија доживувајќи пораз од 35-30.
Селекторот Ненад Перуничиќ по мечот беше бесен на своите играчи, не штедејќи зборови да го опише хаосот кој владее во селекцијата.
„Не знам што да кажам. Повеќе од тие пет гола разлика ме боли начинот на кој загубивме. Во второто полувреме комплетно отстапивме од се што се договоривме. Последните години, а посебно последниот период посебно работевме на одбраната, а потоа од Франција, Норвешка и Белорусија примаме вкупно 111 голови. Ние не сме тим, не веруваме во себе, немаме никаков став… Ние сите заедно, почнувајќи од мене па се до сите ракометари сме обични кукавици“ – истакна Перуничиќ по вчерашниот пораз од Белорусија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА