Селекторот на Украина за групата во која е и Македонија: Не треба да се плашиме од никого

Селекторот на украинската репреентација Александар Петраков, ја коментираше групата за квалификациите за пласман на ЕП 2024 година, во која покрај Украина ќе бидат уште и Македонија, Италија, Англија и Малта.

Тој кажа дека минатите генерации се пример како треба да се соочи Украина против силните  селекции.

„Претходните генерации на фудбалери ни се пример како да се соочиме со толку силни противници како Италија и Англија. Не треба да се плашиме од никого. Ајде да направиме се да зависи од нас“, рече Петраков кој има победи против Англија и Италија со селекцијата до 19 години.

„Добро ги знам момците, не чека многу борба во која нема да се предадеме. Мотивацијата е на највисоко ниво. Моите играчи сакаат такви противници. На последните натпревари игравме како гости, и тоа беше тешко. Сакаме натпреварите кои ги играме дома, да ги играме на наша територија“, изјави Петраков.

Се вчитува...