ЕКИПА во Хрватска,
Стеван Цаневски
Унгарците ќе ја имаат улогата на големи фаворити на денешниот дуел со Македонија, но нивниот селектор Чема Родригез гласно ги предупреди своите избраници да не очекуваат лесна задача.
Потсетувајќи дека првите средби на големите натпреварувања можат да бидат многу незгодни, Шпанецот на клупата на Унгарија ја посочи и последната контролна средба што Македонија ја одигра со Хрватска како јасен знак за квалитетот што го поседува нашата национална селекција.
„Првите натпревари секогаш се многу важни, бидејќи со добра партија и победа ја креваш атмосферата, додека со евентуален пораз можеш да влезеш во сериозни проблеми од кои после е тешко да се најде излез. Македонија е противник што го почитуваме, тоа е состав со ниски ракометари, но се брзи, стартни и можам да кажам дека нивниот стил на игра не е добар за нас, но и за останатите противници во групата. Нивниот селектор Кире Лазаров ми е добар пријател, тој прави одлична работа како тренер… Го видовме нивниот меч од подготовките со Хрватска, колку им ја отежнаа задачата на Хрватите кои беа големи фаворити, знаеме дека ниту на нас нема да ни биде лесно“, изјави Чема Родригез во пресрет на денешниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА