Селекторот на Велс, Крег Белами, го привлече интересот од клубовите, но извршниот директор на Велшката фудбалска асоцијација, Ноел Мун, денес изјави дека се надева дека тој ќе остане до Евро 2028.
Кога беше поврзуван со работата во Селтик по заминувањето на Брендан Роџерс во октомври, Белами рече дека е „тотално посветен на Велс“.
46-годишникот потпиша четиригодишен договор во јули 2024 година. Предводен од Белами, Велс се пласираше во највисокото ниво на Лигата на нации, а во март ќе се соочат со плејофот за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
„Постои интерес за Крег. Каде и да одам, го слушам тоа поради начинот на кој игра фудбал. Доколку бев извршен директор на клуб и сакав да играм добар фудбал, искрено би го разгледал бидејќи е добар тренер и има одличен тим околу себе “, изјави Муни за „Би-Би-Си“.
„Природно е дека ќе има интерес во иднина, ние сме целосно подготвени за тоа “, додаде тој.
Поранешниот напаѓач на Ливерпул и Манчестер Сити одигра 78 натпревари за Велс, постигнувајќи 19 гола, но никогаш не ја претставуваше својата земја на голем турнир.
Велс пред неполни два месеци ѝ нанесе вистинска катастрофа на Македонија, победувајќи ја со 7-1, и така обезбеди пласман во баражот за Мундијалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

