Селекторот на Велс, легендарниот Крејг Белами ги искажа своите импресии од добивањето на противниците за пласман на Светското првенство 2026 година.
Белами истакна дека освен Белгија, другите се сосема различни предизвици за неговата селекција, и дека очекува тешки натпревари, во кои ќе треба да се патува далеку.
„Добра ждрепка. Среќен сум што ги добивме овие противници. Ќе бидат различни натпревари, имаме и многу за патување. Белгија е убава, живеев таму, ги гледав многу, многу нивни натпревари. Македонија ќе биде сосема поинаков предизвик, исто како и Казахстан и Лихтенштајн и сигурно ќе биде тешко“, рече Белами.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА