Српската ветерполо репрезентација го освои третото последователно злато на Олимписките игри откако триумфираше во големото финале над големиот балкански ривал Хрватска.
Придонес за новиот успех на „делфините“ имал и Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот кој со мотивирачки говор им помогнал да ја вратат самодовербата по поразот од Австралија, открива најдобриот стрелец на Србија, Душан Мандиќ.
„Олимпискиот турнир беше долг, со многу падови и подеми. Имавме многу тежок момент по поразот од Австралија. Не личевме на себе во ниту еден сегмент. Тој пораз не докрејчи, но можеби и инспирираше нешто во нас. Морам да му се заблагодарам на Новак кој тогаш не посети во олимпиското село. Бевме со собите, разговаравме и размислувавме што ќе биде. На никој од нас не му беше лесно. Тогаш Новак се појави на врата и одржа говор од срце и се гледаше дека го мисли тоа што го зборува. Тоа не допре, ни даде дополнителна мотивација. Уживавме кога видовме дека тој дојде до долгопосакуваната цел“, откри Мандиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

