Селекторот попушти пред Баерн: Мусиала нема да игра на Ф4 од Лигата на Нации

Германскиот селектор Јулијан Нагелсман нема да смета на услугите на Џамал Мусиала за претстојниот завршен турнир од Лигата на Нации што ќе се одржи во Германија на почетокот од следниот месец.

Офанзивецот е повреден повеќе од еден месец, но веќе почна со тренинзи и имаше сосема реални шанси да биде „фит“ за настап за националниот тим. Сепак, Нагелсман на крајот реши да му излезе во пресрет на Баерн Минхен, прифаќајќи го барањето на новиот германски првак Мусиала да остане и да продолжи со рехабилитацијата во Минхен, се со цел да биде максимално подготвен за клупскиот мундијал што ќе стартува на половина од месец јуни.

Нагелсман се соочува со проблеми ако се знае дека не може да смета ниту на дефанзивците Шлотербек и Ридигер, како и на Каи Хаверц, кој е повреден веќе подолго време.

Германија ќе се сретне со Португалија во полуфиналето од Лигата на Нации закажано за 4 јуни.

Се вчитува...