Селекторот потврди: „Трајковски нема да биде во составот против Италија“

ЕКИПА во Рим,

Никола Станикевски

Фудбалската репрезентација на Македонија в петок од 20.45 часот на „Олимпико“ ќе и гостува на Италија во натпревар од 7. коло во квалификациите за пласман на Европското првенство кое следното лето ќе се игра во Германија.

Информацијата која веќе утрово беше позната, а тоа е дека Трајковски поради повреда нема да биде дел од тимот на Македонија, на денешната прес-конференција ја потврди и селекторот Милевски.

„Александар Трајковски за жал нема да биде во составот поради повреда на мускулот, но се надевам дека ќе се врати на терените во најбрз можен рок.

Се вчитува...