Европскиот клупски првак Реал Мадрид го најде наследникот на Зинедин Зидан. Актуелниот шпански селектор Хулен Лопетеги ќе се седне на клупата на „кралскиот клуб“ по завршувањето на Светското првенство во Русија. Тој потпиша тригодишен договор со Реал Мадрид и по обврските со „црвената фурија“ ќе почне со работа во тимот на Реал Мадрид.
„Реал Мадрид ја информира јавноста дека Хулен Лопетеги ќе биде новиот тренер на нашиот тим во наредните три сезони. Тој ќе му се приклучи на клубот веднаш по обврските со националниот тим на Шпанија на Светското првенство во Русија“, објави Реал Мадрид.
Лопетеги имаше договор со Фудбалската федерација на Шпанија за уште дополнителни две години, но очигледно дека понудата од Реал Мадрид ги промени неговите планови.
Во комбинација беа многу имиња по заминувањето на францускиот стратег Зинедин Зидан, но на крајот Флорентино Перез се реши за домашен стратег, и тоа актуелниот селектор на селекцијата на Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА