Селекторско деби на Брестовац, кадетите одиграа нерешено со Белорусија

Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија одигра нерешено против Белорусија (27-27) во првиот натпревар на турнирот во Плоцк, Полска. Ова беше и селекторско деби на Данило Брестовац во првата акција по преземањето на кадетската репрезентација.

Македонските надежи влегоа несигурно во натпреварот и во првото полувреме постигнаа само девет гола, а на полувремето имаа пет негатива (9-14). Но, потоа заиграа многу посигурно и поефикасно. Успеаја да ја анулираат негативата и на крај се изборија за реми.

Во вториот натпревар на турнирот, утре со почеток во 13 часот, Македонија ќе игра против домаќинот Полска која денеска славеше против Чешка со 32-26.

 

Се вчитува...