Фудбалската репрезентација на Мароко денеска од 21 часот ги продолжува квалификациите за Светското првенство, а во пресрет на мечот против Судан на критики наиде ѕвездата на Челси, Хаким Зијеш.
Имено, Босанецот на клупата на мароканската репрезентација, Вахид Халилхоџиќ изјави дека прв пат во својата кариера гледа играч кој не сака да игра за репрезентацијата.
„Прв пат во тренерската кариера гледам репрезентативец кој не сака да тренира и кој тврди дека е повреден. На последните два собира беше недисциплиран. Тој не изгледа како играч кој се бори за пласман на Светско првенство, ниту пак дека воопшто се грижи за тоа“, изјави Халилхоџиќ.
Хаким Зијеш е роден во Холандија и воедно настапуваше за младинските категории на „лалињата“, но во 2015 се одлучи да биде дел од мароканската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА