Репрезентацијата на Македонија за кошаркари до 15 години ја запиша и втората победа на интернационалниот турнир кој се одржува деновиве во Букурешт, Романија.
Овој пат избраниците на Александар Јованчев беа супериорни над домаќинот Романија, славејќи со убедливи 58-73 (19-19, 11-15, 11-18 и 17-21).
Дури десет репрезентативци на Македонија успеаја да се запишат во листата на стрелци. Меѓу нив предводеше најголемиот македонски талент, кошаркарот на Вардар, Лука Савичевиќ со 17 поени, а го следеше Марко Миловановиќ со 14 поени. Со 9 поени и 4 скока мечот го заврши Стефан Јовановски, а 8 поени постигна Давид Наумовски. Марко Величковски запиша 7 поени, а Бранко Шуменковски имаше 6 поени, 4 скока и 4 украдени топки.
Последниот натпревар на турнирот младите македонски кошаркари го играат утре од 11 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА