Репрезентацијата на Македонија до 15 години забележа нов пораз со 3-0 од соодветната селекција на Хрватска во рамките на втората контролна средба одиграна помеѓу овие две селекции на тренинг центарот „Петар Милошевски”.
Македонија преку Емини во 14. минута прва се закани по голот на Хрватска. Во 27. минута, противникот поведе со 1-0, автогол постигна Аксентиев. Емини во 42. минута ја имаше најдобрата можност, за Македонија, но неговиот удар заврши покрај голот.
Во продолжението, избраниците на селекторот Илами Исејни преку Стојанов и Селими се заканија по голот на Хрватска, но голманот на гостите и во двете ситуации одлично интервенираше. Драго Шкерго во 69. минута го зголеми водството на Хрватска. Три минути подоцна Иван Чалета ги постави конечните 3-0.
Македонија: Михајло Павлов, Матеја Масев, Лука Спироски, Павел Стојанов, Илија Аксентиев, Виган Таири, Огнен Сивевски, Адриан Велески, Александар Полимац, Медин Емини, Аммар Зенделовски;
Селектор: Илами Исејни
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

