Македонската репрезентација до 15 години убедливо со 4-0 ја совлада селекцијата на Киргистан и го заврши настапот на турнирот во кинески Шангај на третото место. Нашата репрезентација предводена од селекторот Марио Вујовиќ претходно ремизираше со Кина (1-1), а загуби со 3-0 од Северна Кореја.
„Заслужена победа. Бевме подобри во текот на целиот натпревар, создадовме многу шанси и мораме да бидеме задоволни. Нашата игра доби на уште поголема динамика во второто полувреме и покрај замените кои ги направивме. Ова е големо искуство за оваа репрезентација, се надевам дека овој турнир ќе донесе многу позитивни работи во иднина“ – изјави селекторот Марио Вујовиќ.
На дуелот со Киргистан, Македонија до 15 години поведе во 39. минута со голот на Марио Илиевски. Во првиот дел шанса за рано водство пропушти Филип Костовски.
Македонија ја контролираше играта и создаваше шанси и во продолжението. Во 67. минута успеавме да го удвоиме водството со погодокот на Николов. Четири минути подоцна Костовски зголеми на 3:0, а Илиевски со својот втор гол во 88. минута го постави конечните Македонија – Киргистан 4-0.
Македонија до 15 години: 12. Марко Алчевски (Алекса Јорданов 45`), 2. Рилинд Ајдини, 4. Филип Андоновски (Гораст Стојменов 45`), 6. Спасе Терзиев (Марио Костески 45`), 7. Филип Костовски, 9. Марио Илиевски, 13. Аљтрим Јакупи (Иван Николов 45`), 14. Лука Станковски (Али Асани 45`), 15. Јасин Сали, 17. Влада Новевски (Стефан Ѓорѓиев 60`), 18. Димитар Тодоровски
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА