Селекцијата до 15 години заврши, без постигнат гол, последна на „Турнирот на нациите“ (ВИДЕО)

Македонската репрезентација за фудбалери до 15 години заврши на последното место на 21. Интернационален турнир – „Турнирот на нациите“ кој од 25 април до 1 мај се играше во Италија, Словенија и во Австрија.

На исклучително силниот турнир на кој учествуваа 12 репрезентации поделени во четири групи, Македонија предводена од селекторот Иљами Исени најпрво загуби од селекците на Јужна Кореја (0-1) и на Словенија (0-3) за последно место во својата група.

Па, македонските фудбалери потоа разигруваа за пласман од 9. до 12. место, притоа доживувајќи нови два порази без постигнат гол со идентични 0-1 од селекциите на Обединетите Арапски Емирати и од Саудиска Арабија. Со тоа Македонија заврши на последното, 12. место, на турнирот.

Италија го освои турнирот победувајќи ја Романија во финалето со 1-0. На третото место заврши Чешка пред Словенија, Јужна Кореја, Австрија, Велс, Црна Гора, Ирска, ОАЕ, Саудиска Арабија и Македонија.

Се вчитува...