Селекцијата до 16 години на тренинг-камп во Кичево пред тестовите со Турција

Младата репрезентација на Македонија до 16 години (фудбалери родени 2006 година) во периодот од 14. до 19. август ќе одржи тренинг камп во Кичево.

Тренинг кампот во Кичево ќе биде искористен за што подобра физичка подготовка на младите фудбалери пред претстојните предизвици.

Младата селекција предводена од селекторот Раде Каранфилоски кон крајот на август ја очекуваат два контролни натпревари против силната Турција.

Контролните натпревари помеѓу Македонија и Турција ќе бидат одиграни на 28. и 31. август, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, со почеток од 17 часот.

Каранфилоски, за тренинг кампот во Кичево, се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Голмани: Антониј Трајковски, Александар Трајков (А.П. Брера), Дарко Јовчев (Македонија Ѓ.П.);

Одбрана: Енвер Фејзуловски (Пелистер), Албан Рочи (Охрид), Мартин Џангаровски (ФФМ Академија), Стефан Стаматовски (Охрид), Ристе Стоилов (А.П. Брера), Матео Кесик (А.П. Брера), Леон Ангелески, Гемишал Рушити (Шкендија), Лорент Заку (Охрид);

Среден ред: Ненад Дамјановски (Македонија Ѓ.П.), Лука Варошановски (Победа), Давид Ангелевски (Победа), Андреј Петрески (Победа), Матео Каранфилоски (Парк), Александар Грашевски (Њу Старс), Душан Бојовиќ – Заев (Вардар), Фљори Иљази (Шкендија);

Напад: Иво Марковски (Драчево), Александар Нехтенин (Брегалница), Филип Тренов (А.П. Брера), Флорент Османи (Шкендија), Бленди Ганиу (Шкупи), Андреј Николовски.

Се вчитува...