Селекцијата до 17 години ремизираше без голови и со Словачка во квалификациите за ЕП (ФОТО)

Македонската репрезентација за играчи до 17 години ремизираше без голови и против репрезентацијата на Словачка во 2. коло од првата квалификациска фаза за пласман на Европското првенство.

Избраниците на Горан Станиќ одиграа тежок натпревар на теренот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ против Словаците, пред се поради фактот да противникот речиси целиот натпревар играше со фудбалер повеќе откако беше исклучен уште во 9. минута од средбата напаѓачот Давид Тошевски, кој доби директен црвен картон поради остар старт.

mkd-slovak 05.10 (12)

mkd-slovak 05.10 (9)

Но, македонските фудбалери успеаја да се одбранат пред налетите на Словаците за конечни 0-0, кои носат отворена шанса за пласман во елитната рунда квалификации. За тоа ќе ни биде неопходна победа против најслабата селекција во групата Молдавија со која играме во последното коло.

mkd-slovak 05.10 (31)

mkd-slovak 05.10 (29)

Молдавија денеска во вториот натпревар од групата, на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари загуби од БиХ со убедливи 4-0.

ПРВА ФАЗА ОД КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП – ДО 17 ГОДИНИ

РЕЗУЛТАТИ – 2. КОЛО

МАКЕДОНИЈА – Словачка 0-0

БиХ – Молдавија 4-0

ТАБЕЛА: БиХ 4, Словачка 4 бода, МАКЕДОНИЈА 2, Молдавија без бодови.

Се вчитува...