Селекцијата до 17 години ремизираше со Косово

Младата репрезентација на Македонија до 17 години денеска го одигра првиот од двата контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Во еден интересен натпревар, полн со возбудувања и отворена игра на двете репрезентации, избраниците на селекторот Дашмир Беари одиграа нерешено 1-1.

По едно полувреме им припадна на двете селекции. Косово поведе со 1-0 во 31. минута од натпреварот. Во 73 минута од средбата, Македонија успеа да го израмни резултатот. Албион Муслиу стрелаше за нашата репрезентација и ги постави конечните 1-1.

Двете селекции утре во 11 часот ќе го одиграат вториот контролен меч.

Македонија на денешниот дуел настапи во следниот состав: Давид Илоски, Игор Ристов, Горазд Ристовски, Лука Атанасовски, Емир Шаботиќ, Хисар Али, Каменчно Андоновски, Стефан Младеновски, Марко Киш, Албион Муслиу, Адмир Латифи;

Резерви: Здравко Перески, Беркај Шаини, Онур Бесир, Никола Ангелов, Милош Спасовски, Флорим Далипи, Златко Радевски, Еранд Зиба, Ариф Локу;

Селектор: Дашмир Беари.

Се вчитува...