Селекцијата до 18 години поразена од Словачка (0-1)

Младата репрезентација на Македонија за играчки до 18 години на тренинг центарот „Петар Милошевски” го одигра првиот од двата предвидени контролни натпревари против селекцијата на Словачка. Во еден интересен дуел ова попладне противникот успеа да извојува минимална победа од 0-1.

Првиот дел беше интересен, со отворена игра и неколку добри ситуации пред двата гола, меѓутоа реализацијата изостана. Најзрелата можност за Македонија ја имаше Кристијан Трапановски во последните минути од првото полувреме.

Во продолжението од средбата репрезентацијата на Словачка постигна погодок кој беше одлучувачки на овој натпревар. Стрелецот на голот беше Доминик Гулаж. И во вториот дел репрезентацијата предводена од Вујадин Станојковиќ имаше свои шанси, но истите не беа искористени.

МАКЕДОНИЈА – СЛОВАЧКА 0-1 (0-0)

Тренинг центар, „Петар Милошевски”, Скопје. Стрелец: Доминик Гулаж 56′ (С).

МАКЕДОНИЈАХристијан Стевковски, Тодор Тодоровски, Михаил Маневски, Енис Фазлагиќ, Агон Руфати, Кирил Ристовски, Дарко Чурлинов, Јани Атанасов, Никола Богдановски, Бојан Колевски,Кристијан Трапановски; Клупа за резервни играчи: Благојче Атанасов, Филип Атанасовски, Антонио Митрев, Бане Маневски, Марко Феруковски, Марио Станковски, Елиф Елмас;

Селектор: Вујадин Станојковиќ

СЛОВАЧКА: Доминик Такач, Владимир Мајдан, Доминик Спириак, Давид Филински, Јакуб Балаж, Мартин Беднар, Роберт Боженик, Бранислав Слука, Михаил Краловиц, Доминик Гулаш, Адам Копаш; Клупа за резервни играчи: Марек Бакош, Адам Бренкус, Давид Коцич, Матеј Мошко, Мартин Ковал, Марек Бобчек, Кристиан Флак

Селектор: Милан Малатински

Се вчитува...