Селекцијата до 18 години, со два гола на Хоџа, ја совлада Црна Гора

Македонската репрезентација за фудбалери до 18 години денеска во Струмица, триумфира против соодветната селекција на Црна Гора со 2-1 во првиот од двата предвидени меѓусебни пријателски мечеви.

Избраниците на Димитар Капинковски триумфираа со двата гола на Дитмир Хоџа уште во првото полувреме.

Црногорците намалија во последните моменти од мечот.

Вториот тест дуел меѓу двете репрезентации се игра во петок, 12 декември.

Се вчитува...