Младата репрезентација на Македонија до 18 години загуби од соодветната селекција на Србија со убедливи 3-0 на пријателскиот натпревар одигран во Стара Пазова.
Избраниците на селекторот Тони Јакимовски загубија во натпревар во кој сите голови домаќинот ги постигна во првиот дел. Бубањ во 27. минута го отвори резултатот на мечот. Во 32. минута Милошевиќ погоди за предност од 2-0, а во 39. минута, Бубањ го постигнува својот втор гол и ги поставува конечните 3-0.
Македонија на дуелот настапи во следниот состав: Петар Јакимов, Ѓорѓи Џеков, Абиола Бамијоко, Марко Стојилевски, Даниел Марковски, Лорик Каба Јакупи, Теодор Николовски, Зани Назифи, Мартин Ѓорѓиевски, Валон Алији, Хакија Цаноски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА