Македонската репрезентација до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Романија на 31. август и 2. септември на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Натпреварите против Романија започнуваат во 16 часот. Македонија до 19 години се подготвува за квалификацискиот турнир за пласман во УЕФА елитната група квалификации за пласман на ЕП кој го организираме во Скопје, а противници ќе ни бидат Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн.
Селекторот на Македонија, Вујадин Станојковиќ за двете пресметки против Романија ќе смета на следните фудбалери:
Голмани: Христојан Стевковски (Скопје), Благојче Иванов (Металург);
Одбрана: Агрон Руфати (Локомотива Загреб, Хрватска), Антонио Митрев (Балзан, Малта), Филип Антовски (Вардар), Тодор Тодоровски (Вардар), Филип Трајановски (Хакен, Шведска), Оливер Стоименовски (Работнички), Михаил Маневски (Академија Пандев);
Среден ред: Марко Ферукоски (Офенбах, Германија); Јани Атанасов (Академија Пандев), Енис Фазлагиќ (Шкендија), Стефан Богдановски (Спартак Трнава, Словачка), Дарко Чурлинов (Келн, Германија);
Напад: Филип Стојчевски (Вардар), Кристијан Трапановски (Славија Прага, Чешка), Марио Станковски (Работнички), Бојан Колевски (Вардар).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА