Селекторот на Македонија до 19 години Вујадин Станојковиќ го објави списокот со повикани фудбалери за Елитната квалификациска рунда за пласман на Европското првенство во Финска 2018 година.
Од 21. до 27. март, елитниот квалификациски турнир го организираме во Скопје, а противници на Македонија до 19 години ќе бидат репрезентациите на Англија, Унгарија и Летонија. За натпреварите кои ќе се играат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ и nационалната арена „Филип Втори“ предводникот на Македонија ќе смета на следните фудбалери:
Првиот дуел нашата репрезентација ќе го одигра на 21. март против Летонија, на 24. март се соочуваме против Унгарија, а турнирот го затвораме со пресметката против Англија на 27. март.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА