Репрезентацијата на Македонија до 19 години славеше убедлива победа против националниот состав на Финска до 19 години со резултат од 5-0, во пријателски натпревар. Оваа средба беше „контролка“ пред настапот на нашата селекција во елитната фаза во квалификациите за пласман на ЕП.
Голеадата ја започна Филип Стојчевски во 15. минута, додека останатите четири погодоци Македонија ги постигна во второто полувреме. Атанасов беше прецизен од белата точка во 52. минута, а потоа Бојан Колевски постигна хет-трик (54, 58, 89 минута) за комплетно декласирање на младата репрезентација на Финска.
Сепак, покрај големата победа нема многу простор за славје бидејќи Миле Тодоров заработи тешка повреда, по што итно беше пренесен во болница. Дополнително ќе биде позната тежината на повредата и периодот на отсуство од терените.
Македонија и Финска уште еднаш ќе ги вкрстат силите пред почетокот на елитната фаза, а мечот треба да се одигра во четврток, 1.март.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА