Селекцијата на Канатларовски денеска на тест-дуел со Романија

Македонската репрезентација до 16 години денеска и во четврток (7. ноември) на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе одигра два контролни натпревари со селекцијата до 16 години на Романија.

Денешниот прв натпревар се игра со почеток од 13 часот, додека реванш дуелот е закажан од 11 часот.

Селекторот на македонската репрезентација, Драган Канатларовски за натпреварите против Романија ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Стефан Тасев (Вардар), Васко Василев (Црвена Звезда, Србија);

Одбрана: Никола Павлески (Вардар), Игор Јаневски (Вардар), Бленд Зекири (Работнички), Енис Бучи (Шкупи), Мирче Стоилов (Академија Пандев), Марко Ристов (Работнички), Борјан Поповски (Работнички);

Среден ред: Матеј Ангелов (Работнички), Мемедриза Хамза (Шкендија), Матеј Ѓорѓиев (Брегалница), Мите Митев (Академија Пандев), Огнен Здравковски (Вардар), Давид Љушев (Вардар), Матео Софијановски (Њу Старс);

Напад: Георг Стојановски (Вардар), Михаил Талевски (Работнички), Дашмир Елези (Шкендија), Бесар Гучуфи (Вардар).

Се вчитува...