Легендарната тенисерка Моника Селеш проговори за Новак Ѓоковиќ. Ѓоковиќ е во потрага по 25. гранд-слем титула, а денеска го очекува четвртфиналето на Ролан Гарос против Александер Зверев, кое нема да започне пред 20.15 часот.
Во исчекување на овој важен меч, тој доби пофалби од Селеш која самата ги напиша на „инстаграм“.
„Новак ни покажува дека големината не е само во талентот, туку и во трудот, упорноста и срцето“, напиша Моника Селеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

