Тренерот на Шкендија, Ерхан Селими е задоволен од резултатот од првиот натпревар со Вардар во осминафиналето од Купот на Македонија. Тетовци имаат 2-2 по првиот меч од Скопје, што отвора сериозни шанси за нив на домашен терен да трасираат пат кон четвртфиналето.
„Може да бидеме задоволни затоа што имаме резултат кој е позитивен за нас со шанса на домашен терен да се избориме за четвртфинале. Но, може и да жалиме за пропуштената победа затоа што имавме водство од 2-0 а во последните 15 минути од натпреварот дозволивме два погодоци во нашата мрежа. На крај можевме и да загубиме, но таков е фудбалот“ – вели Селими.
Шкендија со Селими на клупата, по заминувањето на Ќатип Османи, во четири натпревари, вклучувајќи го и вчерашниот куп натпревар со Вардар, има три победи и едно реми со гол разлика од 9-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА