Селекцијата на Македонија до 17 години има нов селектор, откако од страна на Фудбалската Федерација на Македонија беше одлучено Ерхан Селими да биде новиот предводник на оваа млада селекција, на местото на прерано починатиот Дашмир Беари.
Селими веднаш по назначувањето, започна со работа, бидејќи младата репрезентација на Македонија ја очекуваат два контролни натпревари. Селекцијата до 17 години предводена од Ерхан Селими се наоѓа моментално во Црна Гора, каде што ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција.
- „За мене ова е нов и голем предизвик. Нормално е дека е голема одговорноста да со води младата репрезентација на Македонија до 17 години. Подготвен сум да дадам се од себе и да ја оправдам довербата. Не очекуваат два натпревари, во кои ќе настапиме само со играчни од домашното првенство и ќе се обидеме да оставиме добар впечаток. Немавме многу време за подолги и посериозни подготовки, но верувам во добри настапи”, вели Ерхан Селими.
Младата репрезентација на Македонија до 17 години денеска и во четврток ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Црна Гора со почеток во 18 и 45.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА