Селмани и Мезоковешд „раскинаа“, заминува и Давид Бабунски

Унгарскиот тим Мезоковешд во пролетниот дел од сезоната ќе нема македонски интернационалци, откако двајцата си заминуваат од клубот. Ремзифаик Селмани и Мезоковешд веќе го раскинаа договорот и после шест месеци екс фудбалерот на Ренова и на Шкендија повторно си оди од Унгарија. Очигледно дека оваа земја не е „ветена“ за напаѓачот, со оглед дека беше дел и од Ујпешт, но „издржа“ само една сезона и се врати во Македонија.

Покрај него, од тимот веројатно заминува и Давид Бабунски. Повремениот репрезентативец потпиша со екипата на крај од септември, и него му истече договорот, а со оглед на фактот дека тој не е вклучен на подготовките на екипата во Турција, значи дека тимот повеќе не смета на него.

Бабунски во минатото беше дел од Дебрецен, а откако се раздели со овој тим се одлучи да остане во Унгарија, но епизодата во вториот унгарски тим веројатно ќе трае кратко, па тој зимава ќе има нова средина.

Се вчитува...