Досегашниот фудбалер на Ренова, Ремзифаик Селмани, потпиша договор со унгарскиот прволигаш Ујпешт. Тој ќе му биде нов соиграч на Виктор Ангелов и ново друштво, откако Енис Барди летово си замина од клубот и потпиша за шпанскиот прволигаш Леванте.
Селмани денеска беше промовиран во редовите на Ујпешт.
„Многу сум среќен што станав член на Ујпешт. Тоа е клуб со голема традиција во Унгарија, а јас добив прекрасни препораки од моите сонародници. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата и ќе дадам полн придонес за успешни резултати на клубот во претстојниот период“, изјави Ремзифаик Селмани по претставувањето во унгарскиот прволигаш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА