„Селски фудбал“: Физиотерапевт како Мајк Тајсон – одгриза прст на тренер во Хрватска (ФОТО)

Сцените од нисколигашките фудбалски натпревар на Балканот веќе никого не изненадуваат, но и се чини дека за нив нема граница. Последните сцени кои доаѓаат од Хрватска се нешто посебно, а за натпреварот од третата лига помеѓу Чепин и Граничар говори целиот регион.

Имено, како што пренесува хрватскиот портал „Спортало“ по завршувањето на доста коректниот натпревар проследен со добра атмосфера дошло до немили сцени каде во фокусот биле домашниот тренер Јосип Милардовиќ и физиотерапевтот на гостите Иван Прњак, инцидент во кој имало фаќање за врат, а завршил со одгризување на прстот на предводникот на Чепин.

Милардовиќ кој важи за легенда на прволигашкиот фудбал во Хрватска со 12 годишно искуство во елитниот фудбал збеснал откако останал без прст, а сцените воопшто не биле пријатни.

Фотогалеријата од инцидентот може да ја видите ТУКА.

 

Се вчитува...