Атлетико Мадрид рутински триумфираше со 3-0 на дуелот против Селта, експресно оставајќи го себе поразот од Барселона во минатото коло од Примера дивизион.
Тимот на Диего Симеоне го контролираше темпото, но се мачеше да го отвори резултатот се до крајот на првото полувреме, кога Гризман во самиот финиш одлично се снајде по еден корнер и ја смести топката во горниот лев агол од голот на гостите. Селта се обиде да возврати, но Атлетико знаеше како да го искористи просторот што гостите од Виго го оставија зад себе, па така најпрвин на 2-0 зголеми Витоло, пред конечни 3-0 да ги постави Кореа.
Со денешниот триумф Атлетико Мадрид има 64 бода, седум помалку од лидерот Барселона и исто толку повеќе во однос на третопласираниот Реал Мадрид.
Another class goal from Antoine Griezmann with a pleasing cutback and superb finish to top it off. He’s coming in the summer and there’s nothing anyone can do about it. pic.twitter.com/zYpXE2AycZ
— J. (@Messilizer) March 11, 2018
Angel Correa Goal – (3-0) Atletico de Madrid Vs Celta de Vigo pic.twitter.com/riz4ZKnysw
— Federico (@FedeD10ss) March 11, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА