Селта ги обвини фановите на Барселона за расизам

Играчот од средниот ред на Селта, Илаис Мориба, беше цел на расистички напади од страна на навивачите на Барселона по саботниот натпревар од Примера, изјави тренерот на домашната екипа Клаудио Жиралдез.

Мориба (22) беше подложен на навреди од приврзаниците кога беше заменет доцна на натпреварот, кој Барселона го доби со 4-3.

„Тажно е што ова продолжува да се случува во фудбалот“, изјави Жиралдес за медиумите.

Мориба дојде преку академијата на Барселона пред да се пробие во првиот тим како надежен талент. Тој потпиша со РБ Лајпциг во 2021 година кога германскиот клуб му понуди подобар договор. Оттогаш играше како позајмен во шпанската лига во Валенсија, Хетафе и сега Селта.

Се вчитува...