Селта го отпушти тренерот

Шпанскиот прволигаш Селта ја раскина соработката со тренерот Мигел Кардосо. Португалскиот стратег не успеа да го консолидира тимот кој загуби три од последните четири натпревари во Ла Лига, а тоа беше причина раководството на клубот да се одлучи за промена.

„Клубот ја раскина соработката со тренерот Мигел Кардосо и неговите асистенти во стручниот штаб. Му се заблагодаруваме за посветеноста во работата и професионализмот и му посакуваме се најдобро во понатамошната кариера“, се вели во соопштението на Селта.

Тимот се наоѓа на 17.позиција на табелата во Ла Лига и има само два бода повеќе од Вилјареал, кој е во опасната зона.

Се вчитува...