Селта му одржа лекција на Рајо Ваљекано (ВИДЕО)

Екипата на Селта Виго продолжува со одличните резултати сезонава во Ла Лига, откако на домашен терен во рамките од 20. коло во Ла Лига, го совлада тимот на Рајо Ваљекано со 3-0.

Две шанси имаше Рајо, и една Селта на стартот од мечот, а првиот гол се случи во 40. минута од средбата. Алварез му „намести“ убава шанса на Кареира кој го отвори резултатот. 

Во 54. минута и Сарагоса погоди од пенал за 2-0 за Селта. Тимот од Виго ја запечати победата во 79. минута откако Руеда начека една одбиена топка и ја смести во мрежата на гостите.

Селта можеше и до 4-0, откако одлична шанса имаше Дуран, чиј удар беше одбранет од голманот Батаља.

Се вчитува...