Одличната форма на Селта Виго продолжува, откако денеска на свој терен го совладаа тимот на Атлетик Билбао со 2-0. Двата гола паднаа на стартот од вториот дел, и со тоа Селта на последните два меча со Реал и Билбао има шест бодови, со кои се доближи до местата кои носат во Европа идната сезона.
Откако по првиот дел немаше голови, во вториот Сведберг во 48. минута ја најави победата на тимот од Виго. На голема радост во 55. минута Ел Абделауи го зголеми резултатот, и тоа беше доволно за Селта да дојде до триумф, а особено после шансата на гостите во 65. минута.
Нико Вилијамс доби можност од белата точка да намали, но Јонут Раду успа да му одбрани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

