Јаго Аспас по којзнае којпат носи победа на Селта во Ла Лига. Вечерва со гол во 49. минута, искусниот голгетер ја донесе првата победа на Селта сезонава над Жирона.
Селта својата доминација ја круниса на стартот од вториот дел, кога Аспас се запиша во листата на стрелците, и на крајот донесе важни три бода.
Тимот од Виго дојде до првиот триумф, и се разбуди после поразот на домашен терен од Реал Мадрид минатото коло. Инаку Аспас погоди на сите три досегашни меча во шпанска Ла Лига. Жирона, пак, го запиша вториот пораз во третиот меч во Шпанија.
Голот на Аспас на следниот ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

