Селта со страшни мајстории какви ретко се гледаат го понижи Реал среде Мадрид (ВИДЕО)

Изненадувачки пораз на Реал Мадрид пред своите навивачи во 16. коло од Ла Лига. „Кралевите“ загубија минимално со 0-2 од Селта Виго.

И покрај тоа што се очекуваше дека Реал лесно ќе дојде до бодовите на мечот, сепак гостите имаа свои математика.

Низ цврста игра најпрво го зачуваа својот гол, а потоа со мајсторија на Сведберг во 54. минута, каква ретко се гледа на фудбалските терени, кој со пета го совлада Куртоа, дојдоа и до водство од 0-1.

Во тоа им олесна и Гарсија кој во 64. минута заработи црвен картон, и го остави Реал со играч помалку на теренот, а потоа и Карерас во 92. минута заработи црвен картон. Па на крајот, гостите во 93. минута повторно, со вториот гол на Сведберг, и втора негова минијатура надмудрувајќи го Куртоа, дојдоа и до конечна победа од 0-2.

Се вчитува...