Селта Виго го слави Маркос Алонсо (ВИДЕО)

Селта Виго стигна до нов значаен триумф во Ла Лига славејќи на гостувањето кај „фенерџијата“ Виљадолид со 0-1 во 28. коло, но потешко од очекувањата.

До значајни три бода во битката за излез во Европа сладната сезона ги предводеше искусниот Маркос Алонсо кој донесе гостинска радост од пенал во 83. минута.

Со вториот триумф во низа Селта Виго стигна до 39. освоен бод со која е на седмата позиција на табелата, два бода зад Бетис. За Ваљадолид пак тоа е 20 пораз во сезоната со кој останува закован на дното на табелата со само 16 бодови.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...