Селта Виго се раздели со тренерот

Чачо Куде и неговиот тренерски штаб го напуштаат шпанскиот прволигаш Селта по по две години. Поради слабите резултати, аргентинскиот тренер го напушти клубот по две години во кои тимот имаше одлични резултати.

Куде пристигна во Селта во деликатна ситуација, бидејќи небесно-синиот тим беше претпоследен на табелата во ноември 2020 година. Таа сезона, тимот заврши на осмото место по неговто преземање. Минатата сезона Селта заврши на единаесеттата позиција.

По оваа тешка одлука, клубот сака да им изрази најискрена благодарност на Чачо Кудет и неговите помошници за посветеноста, чесноста и професионалноста што ја покажаа од првиот ден од престојот во Виго, во кој секогаш даваа максимум и завршуваа извонредна работа. Селта исто така сака да им посака среќа и успех во нивната нова спортска етапа“, стои во соопштението на клубот.

Се вчитува...